учи
Значење на учи:
1. Стекнува знаења. а) како наставен предмет или вештина. Таа учи два јазика ‒ англиски и германски. Учеше виолина две години. Кај него ги учев тајните за печивата, составот и декорацијата. б) се школува, место или вид (степен) на образование. Таа учеше гимназија. Тој учи машинска насока. Девојчето учи во средното музичко училиште. Тие учат во VII1 одделение. Учи за лекар. в) зафатен е со учење, повторува за да запомни. Марија учи во моментов. Мојот син многу учи. Таа учи од утро до мрак.
2. а) Подучува, предава знаења. Баба ми ме учеше да месам. Тој ги учеше жените како да си сошијат нешто за себе или за своето семејство. Таа ја учи ќерка си да плете. б) Учителствува, предава како работен ангажман. Тој ги учеше нашите деца.
3. Поучува, советува. Мајка ми ме учеше да правам само добри дела.
4. Навикнува. Таткото го учеше детето на ред. Тој го учи кучето да спие во својата куќичка.
Коњугација: учат.
Изведени зборови:
- се ~ учи, 1. Се здобива со знаење за нешто. Човекот се учи додека е жив. Сосетката се учи да ткае килими. 2. Се навикнува на нешто. Секој човек брзо се учи на убаво.
- учење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Учи, учи, глава бучи ‒ сп. глава.
Оригинални податоци:
учи, учат несв. 1. Стекнува знаења. а) како наставен предмет или вештина. Таа учи два јазика ‒ англиски и германски. Учеше виолина две години. Кај него ги учев тајните за печивата, составот и декорацијата. б) се школува, место или вид (степен) на образование. Таа учеше гимназија. Тој учи машинска насока. Девојчето учи во средното музичко училиште. Тие учат во VII1 одделение. Учи за лекар. в) зафатен е со учење, повторува за да запомни. Марија учи во моментов. Мојот син многу учи. Таа учи од утро до мрак. 2. а) Подучува, предава знаења. Баба ми ме учеше да месам. Тој ги учеше жените како да си сошијат нешто за себе или за своето семејство. Таа ја учи ќерка си да плете. б) Учителствува, предава како работен ангажман. Тој ги учеше нашите деца. 3. Поучува, советува. Мајка ми ме учеше да правам само добри дела. 4. Навикнува. Таткото го учеше детето на ред. Тој го учи кучето да спие во својата куќичка. ● се ~ 1. Се здобива со знаење за нешто. Човекот се учи додека е жив. Сосетката се учи да ткае килими. 2. Се навикнува на нешто. Секој човек брзо се учи на убаво. ◊ Учи, учи, глава бучи ‒ сп. глава.‖ глаг. им. учење ср.