училиште
Значење на училиште:
1. Установа каде што се учи. Основно училиште. Средно медицинско училиште.
2. Зградата каде што е сместена ваквата установа. Ќе се најдеме пред училиштето. До училиштето имаше книжарница.
3. (само едн.) Настава, предавање, часови. Денес нема училиште, празник е.
4. Учениците на едно училиште. Нашето училиште денес оди на екскурзија. Со твојот успех се гордее целото училиште.
5. (само едн.) Искуство, извор на поуки, знаење и сл. Тоа за нас беше добро училиште.
Множина: училишта.
Оригинални податоци:
училиште, мн. училишта ср. 1. Установа каде што се учи. Основно училиште. Средно медицинско училиште. 2. Зградата каде што е сместена ваквата установа. Ќе се најдеме пред училиштето. До училиштето имаше книжарница. 3. (само едн.) Настава, предавање, часови. Денес нема училиште, празник е. 4. Учениците на едно училиште. Нашето училиште денес оди на екскурзија. Со твојот успех се гордее целото училиште. 5. (само едн.) Искуство, извор на поуки, знаење и сл. Тоа за нас беше добро училиште.