удар

Именка, машки род

Значење на удар:

1. Силен допир на два цврсти предмета честопати проследен со звук.

2. а) Звук што се слуша при удирање. Ударите на чеканот се слушаа преку три улици. Се слуша тап удар со секира. б) За музички инструмент. Тапо одекнуваа ударите на тапанот.

3. Силен притисок со замавната рака или нешто што се држи во рака, со нога и сл. Кобилата фркаше под ударите на камшикот. По неговото тело паѓаа удар по удар. Еден удар по грбот и тој падна.

4. (прен.) а) Доживее тешка загуба, голема душевна болка. Разводот беше голем удар за неа. Доживеа голем удар кога загина мажот ѝ. б) Напад на углед, достоинство и сл. Прв на удар се најде директорот. Тоа беше удар на неговиот углед.

5. Нагло и силно дејство на некаква појава: а) на воздушна или на водена маса. Ударите на ветрот беа сè посилни. Од ударите на брановите се превртеле неколку кајчиња. б) на струја, гром и сл. Електричен удар. Удар на гром. в) на висока температура. Топлотен удар најчесто добиваат животните што се транспортираат во вагони.

6. При земјотрес, движење на земјата. Ударот на земјотресот предизвикал големи разорувања.

7. а) Воен напад, јуриш на воени единици. Под ударот на востаниците непријателот отстапи. б) Пораз во војна. Непријателските единици претрпеа голем удар.

8. (мед.) Нагла промена во организмот опасна по живот предизвикана од затнување на крвните садови најчесто во срцето или во мозокот. Мозочен удар. Срцев удар.

Множина: удари.

Фразеолошки израз / поговорка:

Низок удар ‒ нечесна постапка, недозволено средство. Државен удар ‒ ненадејно и брзо, насилно и незаконско преземање на државната власт.

Оригинални податоци:

удар, мн. удари м. 1. Силен допир на два цврсти предмета честопати проследен со звук. 2. а) Звук што се слуша при удирање. Ударите на чеканот се слушаа преку три улици. Се слуша тап удар со секира. б) За музички инструмент. Тапо одекнуваа ударите на тапанот. 3. Силен притисок со замавната рака или нешто што се држи во рака, со нога и сл. Кобилата фркаше под ударите на камшикот. По неговото тело паѓаа удар по удар. Еден удар по грбот и тој падна. 4. (прен.) а) Доживее тешка загуба, голема душевна болка. Разводот беше голем удар за неа. Доживеа голем удар кога загина мажот ѝ. б) Напад на углед, достоинство и сл. Прв на удар се најде директорот. Тоа беше удар на неговиот углед. 5. Нагло и силно дејство на некаква појава: а) на воздушна или на водена маса. Ударите на ветрот беа сè посилни. Од ударите на брановите се превртеле неколку кајчиња. б) на струја, гром и сл. Електричен удар. Удар на гром. в) на висока температура. Топлотен удар најчесто добиваат животните што се транспортираат во вагони. 6. При земјотрес, движење на земјата. Ударот на земјотресот предизвикал големи разорувања. 7. а) Воен напад, јуриш на воени единици. Под ударот на востаниците непријателот отстапи. б) Пораз во војна. Непријателските единици претрпеа голем удар. 8. (мед.) Нагла промена во организмот опасна по живот предизвикана од затнување на крвните садови најчесто во срцето или во мозокот. Мозочен удар. Срцев удар. ◊ Низок удар ‒ нечесна постапка, недозволено средство. Државен удар ‒ ненадејно и брзо, насилно и незаконско преземање на државната власт.