удави
Значење на удави:
1. Одземе живот некому спречувајќи му го дишењето, задуши, задави со раце, јаже, заби и сл. Злосторникот ја удавил жртвата со рацете. Мачорот ги удавил мачињата.
2. Задави, задуши некого во вода. Тој го повлече во водата момчето и го удави. Детето ја удави мачката во барата.
3. (прен., жарг.) Здодее, досади некому со здодевно, излишно зборување. Тој го удави друштвото со неговите проблеми.
4. (разг.) За предмет - потопи. Ја удавил кофата во бунарот. Ги удави цвеќињата во вода.
Коњугација: удават.
Изведени зборови:
- се ~ удави, Изгуби живот со давење во вода. Таа се удавила во реката. Момчето се удавило фрлајќи се во езерото поради несреќна љубов.
- (се) удавува, глаг. несв. (се) удавуваат
- удавување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ќе го удави во капка вода (чаша, леген) ‒ ќе го уништи, го мрази, не го поднесува.
Оригинални податоци:
удави, удават св. 1. Одземе живот некому спречувајќи му го дишењето, задуши, задави со раце, јаже, заби и сл. Злосторникот ја удавил жртвата со рацете. Мачорот ги удавил мачињата. 2. Задави, задуши некого во вода. Тој го повлече во водата момчето и го удави. Детето ја удави мачката во барата. 3. (прен., жарг.) Здодее, досади некому со здодевно, излишно зборување. Тој го удави друштвото со неговите проблеми. 4. (разг.) За предмет - потопи. Ја удавил кофата во бунарот. Ги удави цвеќињата во вода. ● се ~ Изгуби живот со давење во вода. Таа се удавила во реката. Момчето се удавило фрлајќи се во езерото поради несреќна љубов. ◊ Ќе го удави во капка вода (чаша, леген) ‒ ќе го уништи, го мрази, не го поднесува. ‖ (се) удавува, (се) удавуваат несв. ‖ глаг. им. удавување ср.