удоми
Значење на удоми:
1. Обезбеди, смести некого во дом.
2. Создаде дом, омажи, ожени. Тој ја удоми ќерката во добра куќа. Тој рано ги удоми децата. Куќа да направиш, мене да удомиш (нар. поез.).
Коњугација: удомат.
Изведени зборови:
- се ~ удоми, Се омажи, се ожени. Тој се удоми на стари години. Таа се удоми навреме.
- (се) удомува, глаг. несв. (се) удомуваат
- удомување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
удоми, удомат св. 1. Обезбеди, смести некого во дом. 2. Создаде дом, омажи, ожени. Тој ја удоми ќерката во добра куќа. Тој рано ги удоми децата. Куќа да направиш, мене да удомиш (нар. поез.). ● се ~ Се омажи, се ожени. Тој се удоми на стари години. Таа се удоми навреме. ‖ (се) удомува, (се) удомуваат несв. ‖ глаг. им. удомување ср.