удостои

Глагол, свршен

Значење на удостои:

Направи чест некому. Девојката не го удостои момчето ниту со поглед. Тој не го удостои соседот со своето внимание. Нè удостоивте со својата посета.

Коњугација: (ќе) удостоев , (ќе) удостоеја , (ќе) удостоел, удостоен , удостоив , удостоија , удостоил , удостој , удостојат , удостојте .

Изведени зборови:

  • удостојува, глаг. несв. удостојуваат
  • удостојување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

удостои, удостојат; удостој, удостојте; удостоив, удостоија; удостоил; удостоен; (ќе) удостоев, (ќе) удостоеја; (ќе) удостоел св. Направи чест некому. Девојката не го удостои момчето ниту со поглед. Тој не го удостои соседот со своето внимание. Нè удостоивте со својата посета. ‖ удостојува, удостојуваат несв. ‖ глаг. им. удостојување ср.