удри
Значење на удри:
1. Зададе удар некому, мавне. Таа ме удри по плеќи. Таа му удрила шлаканица на момчето. Тој му удри бокс. Му удрил неколку клоци на крадецот.
2. Со удирање повреди. Си ја удрив ногата од ногарката на масата. Тој си го удрил прстот со чекан.
3. Направи рана, погоди. Куршумот го удрил во левата рака, над лактот.
4. За струја, гром и сл. Гром удри во оревот. Додека ја поправаше машината за перење, го удри струја.
5. Стави, постави: а) печат, белег, жиг. Службеничката (му) удри печат на документот. б) постави темел. Минатиот месец ги удривме темелите на новата куќа.
6. а) Зададе удар со нешто предизвикувајќи силен звук, тресне, чукне. Удри по масата неколку пати со тупаниците. Каменот удрил право во прозорецот на сосетката. Едно врапче летајќи удри со крилото во мојот прозорец. б) Направи судир со превозно средство или со дел од него. Возачот удрил со колата во жртвата и ја усмртил. Тој удрил со браникот во дрвото. Камионот удрил во друго возило на патот и се превртел. в) Чукне, произведе звук (за камбана, часовник, ѕвоно и др.). Градскиот саат удри дванаесет часот.
7. (прен.) а) Надојде, се почувствува. Болката му удри в глава. Во ушите му удри познат глас. б) Падне светлина. Силната светлина му удри право в очи (в лице). в) Заплисне миризба. Во носот му удри мирис на мувла. Реата нè удри в нос.
8. Нападне. Одредот удрил на општинската зграда. Непријателот удри од сите страни.
9. Заврне силно. Удри град. Удри пороен дожд.
10. (разг.) Почне да прави нешто, обично забрзано, во голема мера. Учениците удрија да бегаат кога го видоа учителот. Зајакот удрил да бега кон шумата. Удрија да пијат вино. Удрија на песна. Удрија да јадат.
Коњугација: удрат.
Изведени зборови:
- (се) удира, глаг. повт. (се) удираат -- (се) удрува, (се) удруваат
- се ~ удри, 1. Се мавне, се повреди. Тој се удри со негодување по коленото. Се удри по главата со тетратката. 2. Се чукне, се тресне. Се удри во плакарот од кујната и го повреди рамото. Тој одеше гледајќи наназад и се удри од железната врата. Бродот се удри од една карпа и почна полека да тоне.
- удирање, глаг. им. ср. удирање / удрување
Фразеолошки израз / поговорка:
Му (ми, ти...) удри виното во главата ‒ се опијани. Му (ми, ти...) ги удри клоците ‒ сп. клоца. Го (ме, ја...) удри дамла (капка) ‒ 1. добие мозочен удар; 2. силно се изненади од нешто. Крвта му (ми, ти...) удри в глава ‒ сп. крв. Му (ми, ти...) удри власта (славата) во глава ‒ сп. слава. Го удри по џебот ‒ сп. џеб. Удри на тапан ‒ сп. тапан. Му (ми, ти...) удри во очи ‒ 1. му падна в очи 2. му рече во лице. Удри јајца на масло ‒ сп. јајце. Удри клуч на нешто (дуќан, порта и сл.) ‒ затвори. Се удрија гради со гради ‒ стапија во директна, непосредна борба.
Оригинални податоци:
удри, удрат св. 1. Зададе удар некому, мавне. Таа ме удри по плеќи. Таа му удрила шлаканица на момчето. Тој му удри бокс. Му удрил неколку клоци на крадецот. 2. Со удирање повреди. Си ја удрив ногата од ногарката на масата. Тој си го удрил прстот со чекан. 3. Направи рана, погоди. Куршумот го удрил во левата рака, над лактот. 4. За струја, гром и сл. Гром удри во оревот. Додека ја поправаше машината за перење, го удри струја. 5. Стави, постави: а) печат, белег, жиг. Службеничката (му) удри печат на документот. б) постави темел. Минатиот месец ги удривме темелите на новата куќа. 6. а) Зададе удар со нешто предизвикувајќи силен звук, тресне, чукне. Удри по масата неколку пати со тупаниците. Каменот удрил право во прозорецот на сосетката. Едно врапче летајќи удри со крилото во мојот прозорец. б) Направи судир со превозно средство или со дел од него. Возачот удрил со колата во жртвата и ја усмртил. Тој удрил со браникот во дрвото. Камионот удрил во друго возило на патот и се превртел. в) Чукне, произведе звук (за камбана, часовник, ѕвоно и др.). Градскиот саат удри дванаесет часот. 7. (прен.) а) Надојде, се почувствува. Болката му удри в глава. Во ушите му удри познат глас. б) Падне светлина. Силната светлина му удри право в очи (в лице). в) Заплисне миризба. Во носот му удри мирис на мувла. Реата нè удри в нос. 8. Нападне. Одредот удрил на општинската зграда. Непријателот удри од сите страни. 9. Заврне силно. Удри град. Удри пороен дожд. 10. (разг.) Почне да прави нешто, обично забрзано, во голема мера. Учениците удрија да бегаат кога го видоа учителот. Зајакот удрил да бега кон шумата. Удрија да пијат вино. Удрија на песна. Удрија да јадат. ● се ~ 1. Се мавне, се повреди. Тој се удри со негодување по коленото. Се удри по главата со тетратката. 2. Се чукне, се тресне. Се удри во плакарот од кујната и го повреди рамото. Тој одеше гледајќи наназад и се удри од железната врата. Бродот се удри од една карпа и почна полека да тоне. ◊ Му (ми, ти...) удри виното во главата ‒ се опијани. Му (ми, ти...) ги удри клоците ‒ сп. клоца. Го (ме, ја...) удри дамла (капка) ‒ 1. добие мозочен удар; 2. силно се изненади од нешто. Крвта му (ми, ти...) удри в глава ‒ сп. крв. Му (ми, ти...) удри власта (славата) во глава ‒ сп. слава. Го удри по џебот ‒ сп. џеб. Удри на тапан ‒ сп. тапан. Му (ми, ти...) удри во очи ‒ 1. му падна в очи 2. му рече во лице. Удри јајца на масло ‒ сп. јајце. Удри клуч на нешто (дуќан, порта и сл.) ‒ затвори. Се удрија гради со гради ‒ стапија во директна, непосредна борба. ‖ (се) удира, (се) удираат / (се) удрува, (се) удруваат повт. ‖ глаг. им. удирање / удрување ср.