удвои
Значење на удвои:
Направи нешто да биде двојно (конец, текстилен материјал и сл.), зголеми за уште толку. Го удвои конецот за да ги сошие копчињата. Четата ги удвои силите за да се пробие низ непријателскиот обрач.Коњугација: (ќе) удвоев , (ќе) удвоеја , (ќе) удвоел , удвоен, удвоив , удвоија , удвоил , удвој , удвојат , удвојте .
Изведени зборови:
- се ~ удвои, Стане двојно поголем, посилен и сл. На децата им се удвои стравот, кога го видоа учителот со стапче. Му се удвои силата, кога виде како го задеваат неговиот другар.
- (се) удвојува, глаг. несв. (се) удвојуваат
- удвојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
удвои, удвојат; удвој, удвојте; удвоив, удвоија; удвоил; (ќе) удвоев, (ќе) удвоеја; (ќе) удвоел; удвоен св. Направи нешто да биде двојно (конец, текстилен материјал и сл.), зголеми за уште толку. Го удвои конецот за да ги сошие копчињата. Четата ги удвои силите за да се пробие низ непријателскиот обрач. ● се ~ Стане двојно поголем, посилен и сл. На децата им се удвои стравот, кога го видоа учителот со стапче. Му се удвои силата, кога виде како го задеваат неговиот другар. ‖ (се) удвојува, (се) удвојуваат несв. ‖ глаг. им. удвојување ср.