угасне
Значење на угасне:
1. Направи нешто да не гори или да не свети. Пожарникарите го угаснаа огнот со вода. Тој ја угасна свеќата.
2. За мотор, електричен апарат и сл. ‒ направи нешто да не работи; исклучи. Тој го угасна моторот на чамецот. Беше доцна и таа го угасна телевизорот.
3. (прен.) За чувство ‒ задуши, смири, успокои. Тој ја угасна жедта со вино.
4. а) Престане да гори, да свети. Пламенот угасна. Огнот угаснал. б) Престане да работи. Моторот угаснал.
5. (прен.) Исчезне, се сврши, не постои веќе. Сјајот во очите на жената угасна. Љубовта меѓу нив угасна.
Коњугација: (ќе) угаснеа , (ќе) угаснев , (ќе) угаснел, угаснаа , угаснав , угаснал , угаснат , угаснат , угаснете , угасни .
Изведени зборови:
- се ~ угасне, 1. Престане да гори, да свети. Огнот се угасна. Свеќата се угасна од ветерот. Борината догоре и се угасна. 2. Престане да работи. Моторот на автомобилот се угасна во текот на возењето. 3. (прен.) Престане да постои, исчезне. Љубовта меѓу сопружниците се угасна.
- (се) угаснува, глаг. несв. (се) угаснуваат
- угаснување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ѕвездата му угасна ‒ пропадне, го снема.
Оригинални податоци:
угасне, угаснат; угасни, угаснете; угаснав, угаснаа; угаснал; угаснат; (ќе) угаснев, (ќе) угаснеа; (ќе) угаснел св. 1. Направи нешто да не гори или да не свети. Пожарникарите го угаснаа огнот со вода. Тој ја угасна свеќата. 2. За мотор, електричен апарат и сл. ‒ направи нешто да не работи; исклучи. Тој го угасна моторот на чамецот. Беше доцна и таа го угасна телевизорот. 3. (прен.) За чувство ‒ задуши, смири, успокои. Тој ја угасна жедта со вино. 4. а) Престане да гори, да свети. Пламенот угасна. Огнот угаснал. б) Престане да работи. Моторот угаснал. 5. (прен.) Исчезне, се сврши, не постои веќе. Сјајот во очите на жената угасна. Љубовта меѓу нив угасна. ● се ~ 1. Престане да гори, да свети. Огнот се угасна. Свеќата се угасна од ветерот. Борината догоре и се угасна. 2. Престане да работи. Моторот на автомобилот се угасна во текот на возењето. 3. (прен.) Престане да постои, исчезне. Љубовта меѓу сопружниците се угасна. ◊ Ѕвездата му угасна ‒ пропадне, го снема. ‖ (се) угаснува, (се) угаснуваат несв. ‖ глаг. им. угаснување ср.