углед
Само во еднина.
Значење на углед:
1. Добар глас, авторитет, достоинство што ја ужива поединец или група во една средина. Тоа му го подигна угледот во градот. Тој настан му го урна угледот. Тој го зацврсти својот углед како писател. Стекнал голем углед во таа средина. Во прашање е угледот на установата. Општествен углед.
2. Пример, модел по кој се прави нешто друго. По углед на комшијата и тој постапи така. Тие песни се пишувани по углед на македонската народна песна.
Оригинални податоци:
углед (само едн.) м. 1. Добар глас, авторитет, достоинство што ја ужива поединец или група во една средина. Тоа му го подигна угледот во градот. Тој настан му го урна угледот. Тој го зацврсти својот углед како писател. Стекнал голем углед во таа средина. Во прашање е угледот на установата. Општествен углед. 2. Пример, модел по кој се прави нешто друго. По углед на комшијата и тој постапи така. Тие песни се пишувани по углед на македонската народна песна.