угорнина

Именка, женски род

Значење на угорнина:

Место, пат, патека што е на стрмнина; нагорнина. Патот оди по угорнина. Куќата им е на угорнина. Едвај ја искачивме угорницата

Множина: угорнини, угорници.

Алтернативно: угорница

Изведени зборови:

  • угорнинка, и. ж. , угорниче (само едн.) дем.
  • угорничиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

угорнина, мн. угорнини и угорница, мн. угорници ж. Место, пат, патека што е на стрмнина; нагорнина. Патот оди по угорнина. Куќата им е на угорнина. Едвај ја искачивме угорницата. ‖ угорнинка, мн. угорнинки ж., угорниче (само едн.) дем. ‖ угорничиште, мн. угорничишта ср. аугм.