угостител

Именка, машки род

Значење на угостител:

1. Сопственик или управител во угостителски објект (ресторан, кафеана, гостилница и др.). Угостителите од нашето место држат мали гостилници. Угостителите ги намалуваат цените надвор од туристичката сезона.

2. Работник во таков објект.

Множина: угостители.

Изведени зборови:

  • угостителка, и. ж.
  • угостителски, прид. угостителскиот Угостителски објект. Угостителски работници.

Оригинални податоци:

угостител, мн. угостители м. 1. Сопственик или управител во угостителски објект (ресторан, кафеана, гостилница и др.). Угостителите од нашето место држат мали гостилници. Угостителите ги намалуваат цените надвор од туристичката сезона. 2. Работник во таков објект. ‖ угостителка, мн. угостителки ж. ‖ угостителски, угостителскиот прид. Угостителски објект. Угостителски работници.