укаже

Глагол, свршен

Значење на укаже:

1. Покаже, обрне внимание на/за нешто. Судијата укажа дека барањето на одбраната е бесмислено. Татко ми секогаш ми укажува на грешките со најдобра намера.

2. Даде, покаже (чест, почит, внимание, помош). Тој му укажа гостопримство на пријателот. Лекарот му укажа помош на повредениот фудбалер. Вашата организација ни укажа особена чест со поканата на манифестацијата.

Коњугација: (ќе) укажеа , (ќе) укажев , (ќе) укажел, укажаа , укажав , укажан , укажат , укажете , укажи .

Изведени зборови:

  • се ~ укаже, Се покаже, се даде можност, случај и сл., се појави. Ми се укажа можност да си ја поправам грешката. На состанокот ми се укажа погоден момент да споменам и за нашиот проблем.
  • (се) укажува, глаг. несв. (се) укажуваат
  • укажување, глаг. им. ср. укажување, PLUR_укажувања Многубројните укажувања за грешките на ученикот не вродија со плод. Укажувањата на професорот покажаа во која насока треба да се работи.

Оригинални податоци:

укаже, укажат; укажи, укажете; укажав, укажаа; укажан; (ќе) укажев, (ќе) укажеа; (ќе) укажел св. 1. Покаже, обрне внимание на/за нешто. Судијата укажа дека барањето на одбраната е бесмислено. Татко ми секогаш ми укажува на грешките со најдобра намера. 2. Даде, покаже (чест, почит, внимание, помош). Тој му укажа гостопримство на пријателот. Лекарот му укажа помош на повредениот фудбалер. Вашата организација ни укажа особена чест со поканата на манифестацијата. ● се ~ Се покаже, се даде можност, случај и сл., се појави. Ми се укажа можност да си ја поправам грешката. На состанокот ми се укажа погоден момент да споменам и за нашиот проблем. ‖ (се) укажува, (се) укажуваат несв. ‖ глаг. им. укажување, мн. укажувања ср. Многубројните укажувања за грешките на ученикот не вродија со плод. Укажувањата на професорот покажаа во која насока треба да се работи.