укине
Значење на укине:
За правен акт, работно место, установа и сл. ‒ стави надвор од употреба, од сила. Воениот совет ја укинал монархијата во државата. Народното собрание со закон ја укинало смртната казна. Во тие години полицијата го укинала списанието. Неговото работно место го укинале со најновата систематизација.Коњугација: (ќе) укинеа , (ќе) укинев , (ќе) укинел, укинаа , укинав , укинал , укинат , укинат , укинете , укини .
Изведени зборови:
- укинува, глаг. несв. укинуваат
- укинување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
укине, укинат; укини, укинете; укинав, укинаа; укинал; укинат; (ќе) укинев, (ќе) укинеа; (ќе) укинел св. За правен акт, работно место, установа и сл. ‒ стави надвор од употреба, од сила. Воениот совет ја укинал монархијата во државата. Народното собрание со закон ја укинало смртната казна. Во тие години полицијата го укинала списанието. Неговото работно место го укинале со најновата систематизација. ‖ укинува, укинуваат несв. ‖ глаг. им. укинување ср.