укор
Значење на укор:
1. Искажана осуда на нечија постапка, неодобрување на нечие дејствување. Неговиот израз беше полн со укор и негодување. Укорите од свекрвата зачестиле.
2. Дисциплинска казна во училиште, партија или друг вид организација. Советот му изрече укор пред исклучување. За постапката тој беше казнет со укор.
Множина: укори.
Оригинални податоци:
укор, мн. укори м. 1. Искажана осуда на нечија постапка, неодобрување на нечие дејствување. Неговиот израз беше полн со укор и негодување. Укорите од свекрвата зачестиле. 2. Дисциплинска казна во училиште, партија или друг вид организација. Советот му изрече укор пред исклучување. За постапката тој беше казнет со укор.