улица

Именка, женски род

Значење на улица:

1. Пат во населено место меѓу куќи, згради и сл. Главна улица. Споредна улица. Тесна улица. Широка улица. Излезе на улица.

2. (прен.) Жителите на една улица. Цела улица се собра да ја види невестата.

3. (прен., пејор.) Средината надвор од домот, од контролата на семејството, на училиштето. Улицата лошо влијае на децата. Ова момче го воспитувала улицата.

Множина: улици.

Изведени зборови:

  • уличе, и. ж. мн. уличиња ср., уличка, мн. улички дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го исфрли на улица ‒ го истера од дома, од работа и сл. Остане на улица ‒ остане без приход, без средства за живот. Мери улици ‒ шета, ништо не работи, безделничи. Излезе на улица ‒ протестира против нешто.

Оригинални податоци:

улица, мн. улици ж. 1. Пат во населено место меѓу куќи, згради и сл. Главна улица. Споредна улица. Тесна улица. Широка улица. Излезе на улица. 2. (прен.) Жителите на една улица. Цела улица се собра да ја види невестата. 3. (прен., пејор.) Средината надвор од домот, од контролата на семејството, на училиштето. Улицата лошо влијае на децата. Ова момче го воспитувала улицата. ◊ Го исфрли на улица ‒ го истера од дома, од работа и сл. Остане на улица ‒ остане без приход, без средства за живот. Мери улици ‒ шета, ништо не работи, безделничи. Излезе на улица ‒ протестира против нешто. ‖ уличе, мн. уличиња ср., уличка, мн. улички ж. дем.