уличен

Придавка

Значење на уличен:

1. Што се однесува на улица. Улично осветлување.

2. Што се наоѓа на улица. Уличен фенер. Улични светилки. Улична чешма. Уличен ѕид. Улични продавачи на сладолед. Уличен свирач.

3. Што се случува, што станува на улица. Улични борби.

4. Бездомен, што го поминува животот на улица. Улично куче. Улични блудници.

5. Некултурен, простачки, распуштен. Улични зборови. Уличен речник. Уличен хумор.

Членувана форма: уличниот.

Оригинални податоци:

уличен, уличниот прид. 1. Што се однесува на улица. Улично осветлување. 2. Што се наоѓа на улица. Уличен фенер. Улични светилки. Улична чешма. Уличен ѕид. Улични продавачи на сладолед. Уличен свирач. 3. Што се случува, што станува на улица. Улични борби. 4. Бездомен, што го поминува животот на улица. Улично куче. Улични блудници. 5. Некултурен, простачки, распуштен. Улични зборови. Уличен речник. Уличен хумор.