улога
Значење на улога:
1. а) Личност, лик во сценско дело (драма, опера, балет, филм) интерпретиран од актер. Главна улога. Споредна улога. Епизодна улога. Тој ја игра главната улога во филмот. Улогата на Дездемона ја игра Мери Бошкова. Во насловната улога настапи Ацо Стефановски. Сите улоги ги играат мажи. б) Текст, зборови и сè она што ја сочинува интерпретацијата на еден лик во сценско дело. Актерите ги научија своите улоги за првата проба.
2. Удел, учество, должност, функција во остварување, извршување на нешто, задача, должност. Раководна улога. Тој ја презеде улогата на домаќин. Таа одигра пресудна улога во тој случај. Историска улога на работничката класа.
Множина: улоги.
Оригинални податоци:
улога, мн. улоги ж. 1. а) Личност, лик во сценско дело (драма, опера, балет, филм) интерпретиран од актер. Главна улога. Споредна улога. Епизодна улога. Тој ја игра главната улога во филмот. Улогата на Дездемона ја игра Мери Бошкова. Во насловната улога настапи Ацо Стефановски. Сите улоги ги играат мажи. б) Текст, зборови и сè она што ја сочинува интерпретацијата на еден лик во сценско дело. Актерите ги научија своите улоги за првата проба. 2. Удел, учество, должност, функција во остварување, извршување на нешто, задача, должност. Раководна улога. Тој ја презеде улогата на домаќин. Таа одигра пресудна улога во тој случај. Историска улога на работничката класа.