улови

Глагол, свршен

Значење на улови:

1. За животни, риби, птици ‒ фати во лов, живи или со отепување. Децата вчера уловиле еден крап. Ловецот уловил еден зајак. Тој уловил неколку пеперутки со својата мрежа.

2. (прен.) Дочуе нешто, согледа, увиди со внимателно слушање, набљудување, дознае нешто што требало да остане тајна. Ќе улови по некој збор одвреме-навреме. Папарацото го уловил актерот во друштво со непозната девојка. Девојката го улови неговиот поглед. Таа вешто ги улови моите мисли. Камерата го уловила тој необичен настан и материјалот беше прикажуван на телевизија.

Коњугација: уловат.

Изведени зборови:

  • се ~ улови, Себеси се фати во нешто. Се улови како ја гледа девојката.
  • (се) уловува, глаг. несв. (се) уловуваат
  • уловување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

улови, уловат св. 1. За животни, риби, птици ‒ фати во лов, живи или со отепување. Децата вчера уловиле еден крап. Ловецот уловил еден зајак. Тој уловил неколку пеперутки со својата мрежа. 2. (прен.) Дочуе нешто, согледа, увиди со внимателно слушање, набљудување, дознае нешто што требало да остане тајна. Ќе улови по некој збор одвреме-навреме. Папарацото го уловил актерот во друштво со непозната девојка. Девојката го улови неговиот поглед. Таа вешто ги улови моите мисли. Камерата го уловила тој необичен настан и материјалот беше прикажуван на телевизија.● се ~ Себеси се фати во нешто. Се улови како ја гледа девојката. ‖ (се) уловува, (се) уловуваат несв. ‖ глаг. им. уловување ср.