ум

Именка, машки род

Значење на ум:

1. а (филоз.) Способност на човекот да мисли, да сознава, да расудува теоретски и практично. б) (разг.) Способност за правилно расудување; памет, разум. Бистар ум. Болниот ум тешко може да ја разбере оваа промена. Помрачен ум.

2. Мисла, мислење.

Множина: умови.

Алтернативно: умишта

Фразеолошки израз / поговорка:

Му изветреал умот ‒ изветреан, не е во состојба да расудува правилно. Чавка умот (не) му го испила ‒ се однесува (не)разумно, (не) знае што прави. Кус е во умот (паметот) ‒ сп. памет. Му штукна умот ‒ сп. памет. Продава ум ‒ сп. памет. Ти се чудам на умот (паметот) ‒ сп. памет. Како ти фаќа умот (паметот)? ‒ сп. памет. Му падна на ум (памет) ‒ сп. памет. Остане некому во умот (паметот) нешто ‒ сп. памет. Уште му лета умот (паметот) по чавки ‒ сп. памет. Си прави Бајрам со умот ‒ се занесува, си умислува нешто. Бери ум (памет) ‒ биди умен, освести се, опамети се. Близу (блиску) до умот ‒ 1. разбирливо, јасно. 2. паметно. Не може да извади од ум некого или нешто ‒ постојано мисли на некого или на нешто. Не му иде умот (паметот) ‒ не се вразумува, не се опаметува. Му фаќа умот (паметот) ‒ запаметува, памети, сфаќа. Со сиот ум прави нешто ‒ прави нешто иако знае дека не е разумно, дека не е добро тоа да го прави. Го губи умот (разумот) ‒ 1. прави не многу разумни работи. 2. полудува. Што на ум тоа на друм ‒ 1. не размислува многу пред да каже нешто. 2. многу е директен. Умот да ти зајде (штукне) ‒ да се чудиш колку е нешто убаво.

Оригинални податоци:

ум, мн. умови и умишта м. 1. а (филоз.) Способност на човекот да мисли, да сознава, да расудува теоретски и практично. б) (разг.) Способност за правилно расудување; памет, разум. Бистар ум. Болниот ум тешко може да ја разбере оваа промена. Помрачен ум. 2. Мисла, мислење. ◊ Му изветреал умот ‒ изветреан, не е во состојба да расудува правилно. Чавка умот (не) му го испила ‒ се однесува (не)разумно, (не) знае што прави. Кус е во умот (паметот) ‒ сп. памет. Му штукна умот ‒ сп. памет. Продава ум ‒ сп. памет. Ти се чудам на умот (паметот) ‒ сп. памет. Како ти фаќа умот (паметот)? ‒ сп. памет. Му падна на ум (памет) ‒ сп. памет. Остане некому во умот (паметот) нешто ‒ сп. памет. Уште му лета умот (паметот) по чавки ‒ сп. памет. Си прави Бајрам со умот ‒ се занесува, си умислува нешто. Бери ум (памет) ‒ биди умен, освести се, опамети се. Близу (блиску) до умот ‒ 1. разбирливо, јасно. 2. паметно. Не може да извади од ум некого или нешто ‒ постојано мисли на некого или на нешто. Не му иде умот (паметот) ‒ не се вразумува, не се опаметува. Му фаќа умот (паметот) ‒ запаметува, памети, сфаќа. Со сиот ум прави нешто ‒ прави нешто иако знае дека не е разумно, дека не е добро тоа да го прави. Го губи умот (разумот) ‒ 1. прави не многу разумни работи. 2. полудува. Што на ум тоа на друм ‒ 1. не размислува многу пред да каже нешто. 2. многу е директен. Умот да ти зајде (штукне) ‒ да се чудиш колку е нешто убаво.