умее

Глагол, несвршен

Значење на умее:

Знае како да прави нешто, како да врши нешто, вешт е во нешто. Тој умее да раскажува. Сите девојки и момчиња од нашата улица умееја да танцуваат и да пеат добро. Стариот умееше да ги занимава децата со приказни. Умее убаво да везе.

Коњугација: умеав , умеаја , умеал , умеан, умеат , умеев , умееја , умеејќи , умеел , умеен , умеј , умејте .

Изведени зборови:

  • умеење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како знаеш и умееш ‒ по секоја цена.

Оригинални податоци:

умее, умеат; умеј, умејте; умеев, умееја; умеел; умеен; умеејќи; умеав, умеаја; умеал; умеан несв. Знае како да прави нешто, како да врши нешто, вешт е во нешто. Тој умее да раскажува. Сите девојки и момчиња од нашата улица умееја да танцуваат и да пеат добро. Стариот умееше да ги занимава децата со приказни. Умее убаво да везе. ◊ Како знаеш и умееш ‒ по секоја цена. ‖ глаг. им. умеење ср.