уметност
Значење на уметност:
1. Творечка дејност на човекот со која ги изразува своите чувства, емоции и мисли на начин кој причинува естетско задоволство, а изразено преку боја, збор, тон, движење и др. Ликовна уметност. Филмска уметност. Историја на уметноста.
2. (прен.) Врвно мајсторство во нешто. Уметноста на народниот творец.
Множина: уметности.
Членувана форма: уметноста.
Фразеолошки израз / поговорка:
Применета уметност ‒ уметничка изработка на занаетчиски производи. Седма уметност ‒ филм, филмска уметност.
Оригинални податоци:
уметност, уметноста, мн. уметности м. 1. Творечка дејност на човекот со која ги изразува своите чувства, емоции и мисли на начин кој причинува естетско задоволство, а изразено преку боја, збор, тон, движење и др. Ликовна уметност. Филмска уметност. Историја на уметноста. 2. (прен.) Врвно мајсторство во нешто. Уметноста на народниот творец. ◊ Применета уметност ‒ уметничка изработка на занаетчиски производи. Седма уметност ‒ филм, филмска уметност.