умира
Значење на умира:
1. Престанува да живее; умре Им умираа децата. Луѓето умираа секојдневно на фронтот.
2. Се наоѓа на умирачка. Тој умира во страшни маки. Гледаш дека тој умира.
3. (прен.) умре 3. Сестра ми умира од желба да ме види. Стави ми да јадам, умирам од глад. Кога ги слушнала тие зборови од наставникот, мајка му на детето умрела од срам.
4. (прен.) Престанува да постои, исчезнува. Умираат старите занаети.
5. (прен.) Врши некому силен притисок, измачува некого. Таа ме умира секој ден.
Коњугација: умираат.
Изведени зборови:
- умирање, глаг. им. ср. умирање, PLUR_умирања Имаше многу умирања таа година. ◊ Не е болка за умирање - сп. болка.
Фразеолошки израз / поговорка:
Умира за сон ‒ многу му се спие. Умира за некого или за нешто ‒ многу сака некого или нешто. Умира да направи нешто (да биде нешто) ‒ многу сака. Некој не умира дома ‒ се вели за бунтовен човек.
Оригинални податоци:
умира, умираат несв. 1. Престанува да живее; сп. умре 1. Им умираа децата. Луѓето умираа секојдневно на фронтот. 2. Се наоѓа на умирачка. Тој умира во страшни маки. Гледаш дека тој умира. 3. (прен.) сп. умре 3. Сестра ми умира од желба да ме види. Стави ми да јадам, умирам од глад. Кога ги слушнала тие зборови од наставникот, мајка му на детето умрела од срам. 4. (прен.) Престанува да постои, исчезнува. Умираат старите занаети. 5. (прен.) Врши некому силен притисок, измачува некого. Таа ме умира секој ден. ◊ Умира за сон ‒ многу му се спие. Умира за некого или за нешто ‒ многу сака некого или нешто. Умира да направи нешто (да биде нешто) ‒ многу сака. Некој не умира дома ‒ се вели за бунтовен човек. ‖ глаг. им. умирање, мн. умирања ср. Имаше многу умирања таа година. ◊ Не е болка за умирање - сп. болка.