умирачка

Именка, женски род

Значење на умирачка:

Време кога настапува смртта, смртен час; смрт, умирање. По умирачката на татко му сè се измени во неговиот живот. По умирачката моја што сака нека стане. Ја претчувствува блиската умирачка. Тој е на умирачка. На умирачка им ја кажал својата тајна.

Множина: умирачки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не е болка за умирачка ‒ не е толку страшно, ќе помине.

Оригинални податоци:

умирачка, мн. умирачки ж. Време кога настапува смртта, смртен час; смрт, умирање. По умирачката на татко му сè се измени во неговиот живот. По умирачката моја што сака нека стане. Ја претчувствува блиската умирачка. Тој е на умирачка. На умирачка им ја кажал својата тајна. ◊ Не е болка за умирачка ‒ не е толку страшно, ќе помине.