умре

Глагол, свршен

Значење на умре:

1. Престане да живее, почине. Тој умре од природна смрт. Детето умрело од сипаници. Тие умреа за татковината. Кучето ми умре пред две години при една несреќа.

2. (прен.) Исчезне, снема нешто, се уништи. Во мене умреа сите надежи. Занаетчиството умре по градовите.

3. Е со премногу силни чувства, желба, страв, срам, глад и др. Умре од тага. Стави ми да јадам, умрев од глад. Кога ги слушнала тие зборови, мајка му умрела од срам.

4. Направи да престане да живее, уништи, упропасти. Го умреа човекот пред време. Грижите го умреа дедо ми предвреме. Ја умре жена си, сега сака да ме умре и мене.

Коњугација: умрат , умреа , умрев , умрел , умрен, умрете , умри .

Фразеолошки израз / поговорка:

Умрела Ѓупката што те фалеше ‒ сам се фали. Не умри коњу (магаре), до зелена трева ‒ треба да преживееш до ветеното, или до очекуваното. Умре без ден ‒ умре пред време, млад. Жив умрен ‒ со нездрав изглед, како да е болен. Умре од страв ‒ се уплаши. Умре од мака ‒ многу му е мака. Умре (умира) од смеа ‒ многу се смее. Умре (умира) од досада ‒ многу му е досадно. Умре од срам ‒ многу се усрами. Умрел тој за мене (ирон.) ‒ не му е гајле за мене. Да умрам ако сум го направил тоа ‒ заколнување. Умре како пес на буниште ‒ недостојно умре. Умре од жал за некого ‒ многу жали за нешто. Ќе умре некое магаре ‒ штом ќе се случи нешто што ретко се случува. Утре да умрам, не ми е жал нели се случи тоа што го посакував. Да умрев ... не ќе знаев дека тоа е така... ‒ изненаден сум од тоа што го кажуваш. И да умрам, да не жалам ‒ ми се оствари големата желба. Умре на нечии раце ‒ го заврши животот под грижата на некој. Умре тоа, веќе нема да се случи уште еднаш ‒ завршило нешто што било добро.

Оригинални податоци:

умре, умрат; умри, умрете; умрев, умреа; умрел; умрен св. 1. Престане да живее, почине. Тој умре од природна смрт. Детето умрело од сипаници. Тие умреа за татковината. Кучето ми умре пред две години при една несреќа. 2. (прен.) Исчезне, снема нешто, се уништи. Во мене умреа сите надежи. Занаетчиството умре по градовите. 3. Е со премногу силни чувства, желба, страв, срам, глад и др. Умре од тага. Стави ми да јадам, умрев од глад. Кога ги слушнала тие зборови, мајка му умрела од срам. 4. Направи да престане да живее, уништи, упропасти. Го умреа човекот пред време. Грижите го умреа дедо ми предвреме. Ја умре жена си, сега сака да ме умре и мене. ◊ Умрела Ѓупката што те фалеше ‒ сам се фали. Не умри коњу (магаре), до зелена трева ‒ треба да преживееш до ветеното, или до очекуваното. Умре без ден ‒ умре пред време, млад. Жив умрен ‒ со нездрав изглед, како да е болен. Умре од страв ‒ се уплаши. Умре од мака ‒ многу му е мака. Умре (умира) од смеа ‒ многу се смее. Умре (умира) од досада ‒ многу му е досадно. Умре од срам ‒ многу се усрами. Умрел тој за мене (ирон.) ‒ не му е гајле за мене. Да умрам ако сум го направил тоа ‒ заколнување. Умре како пес на буниште ‒ недостојно умре. Умре од жал за некого ‒ многу жали за нешто. Ќе умре некое магаре ‒ штом ќе се случи нешто што ретко се случува. Утре да умрам, не ми е жал нели се случи тоа што го посакував. Да умрев ... не ќе знаев дека тоа е така... ‒ изненаден сум од тоа што го кажуваш. И да умрам, да не жалам ‒ ми се оствари големата желба. Умре на нечии раце ‒ го заврши животот под грижата на некој. Умре тоа, веќе нема да се случи уште еднаш ‒ завршило нешто што било добро.