умртви
Значење на умртви:
1. Направи нешто да не е живо, убие, усмрти. Тигарот прво ја умртви жртвата, а потоа ја изеде.
2. Направи нешто да биде како мртво, нечувствително. Заболекарот прво го умртви нервот на расипаниот заб, па продолжи да го поправа. Пред операцијата анестезиологот го умртви местото со локална анестезија (со инјекција).
3. (прен.) Направи да биде неосетлив, да изгуби живост, ведрина, да замре. Загубата на чедото ги умртви сите чувства кај кутрата мајка. Напнатоста на моментот ми ги умртви мислите. Сивите ѕидови го умртвија просторот.
Коњугација: умртват.
Изведени зборови:
- се ~ умртви, Се смири, се предаде на мртвило, на пасивност. Сè се умртви.
- (се) умртвува, глаг. несв. (се) умртвуваат
- умртвување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
умртви, умртват св. 1. Направи нешто да не е живо, убие, усмрти. Тигарот прво ја умртви жртвата, а потоа ја изеде. 2. Направи нешто да биде како мртво, нечувствително. Заболекарот прво го умртви нервот на расипаниот заб, па продолжи да го поправа. Пред операцијата анестезиологот го умртви местото со локална анестезија (со инјекција). 3. (прен.) Направи да биде неосетлив, да изгуби живост, ведрина, да замре. Загубата на чедото ги умртви сите чувства кај кутрата мајка. Напнатоста на моментот ми ги умртви мислите. Сивите ѕидови го умртвија просторот. ● се ~ Се смири, се предаде на мртвило, на пасивност. Сè се умртви. ‖ (се) умртвува, (се) умртвуваат несв. ‖ глаг. им. умртвување ср.