унапреди

Глагол, свршен

Значење на унапреди:

1. Поттикне напред во развојот, подобри, усоврши. По војната нагло го унапредивме земјоделството и сточарството. Со компјутерите ја унапредивме наставата по сите предмети. Оваа посета ги унапреди билатералните односи меѓу земјите.

2. Постави на повисока положба во службата. Го унапредија во капетан. Организацијата ја унапреди во Шеф на одделот.

Коњугација: унапредат.

Изведени зборови:

  • унапредува, глаг. несв. унапредуваат
  • унапредување, глаг. им. ср. унапредување, PLUR_унапредувања 1. од унапреди. 2. Добивање повисок степен во хиерархијата, повисока функција или чин (во администрацијата, војската и сл.).

Оригинални податоци:

унапреди, унапредат св. 1. Поттикне напред во развојот, подобри, усоврши. По војната нагло го унапредивме земјоделството и сточарството. Со компјутерите ја унапредивме наставата по сите предмети. Оваа посета ги унапреди билатералните односи меѓу земјите. 2. Постави на повисока положба во службата. Го унапредија во капетан. Организацијата ја унапреди во Шеф на одделот. ‖ унапредува, унапредуваат несв. ‖ унапредување, мн. унапредувања ср. 1. глаг. им. од унапреди. 2. Добивање повисок степен во хиерархијата, повисока функција или чин (во администрацијата, војската и сл.).