уништи

Глагол, свршен

Значење на уништи:

1. Упропасти, сотре, погуби, ликвидира. Непријателот го ограбил и го уништил градот. Полицијата го уништи засолништето на бандата. Бомбата ја уништи пругата. Сушата наполно уништи поголем број површини со сончоглед. Пожарот ги уништил сите документи и вредни книги.

2. (прен.) Сотре, морално упропасти. Негативната критика му ја уништи кариерата на младиот актер. Притисоците од сите страни го уништија младиот ентузијаст.

Коњугација: уништат.

Изведени зборови:

  • се ~ уништи, 1. Се расипе, се упропасти. Фикусот ми се уништи од провевот. Мебелот ни се уништи со постојаните преселби. 2. Се упропасти сам себеси. Се уништил со дрогата. Се уништи вообразувајќи си некои работи.
  • (се) уништува, глаг. несв. (се) уништуваат
  • уништување, глаг. им. ср. уништување, PLUR_уништувања Војната предизвика уништувања од големи размери.

Оригинални податоци:

уништи, уништат св. 1. Упропасти, сотре, погуби, ликвидира. Непријателот го ограбил и го уништил градот. Полицијата го уништи засолништето на бандата. Бомбата ја уништи пругата. Сушата наполно уништи поголем број површини со сончоглед. Пожарот ги уништил сите документи и вредни книги. 2. (прен.) Сотре, морално упропасти. Негативната критика му ја уништи кариерата на младиот актер. Притисоците од сите страни го уништија младиот ентузијаст. ● се ~ 1. Се расипе, се упропасти. Фикусот ми се уништи од провевот. Мебелот ни се уништи со постојаните преселби. 2. Се упропасти сам себеси. Се уништил со дрогата. Се уништи вообразувајќи си некои работи. ‖ (се) уништува, (се) уништуваат несв. ‖ глаг. им. уништување, мн. уништувања ср. Војната предизвика уништувања од големи размери.