универзалија

Именка, женски род

Значење на универзалија:

1. Општи работи, општи предмети.

2. (филоз.) Општи сеопфатни поими, општи појави.

Множина: универзалии.

Фразеолошки израз / поговорка:

Јазични универзалии ‒ тоа што е својствено за сите или за голем број јазици (именки, глаголи, заменки, категориите број, лице итн.).

Оригинални податоци:

универзалија, обично во мн. универзалии ж. 1. Општи работи, општи предмети. 2. (филоз.) Општи сеопфатни поими, општи појави.◊ Јазични универзалии ‒ тоа што е својствено за сите или за голем број јазици (именки, глаголи, заменки, категориите број, лице итн.).