упад

Именка, машки род

Значење на упад:

1. Насилен влез, продор во некој простор, територија, средина. Упад на терористи на територијата на нашата земја. Упад на турскиот башибозук. Упад на непријателска патрола во мирното село.

2. Насилен прекин на нечија работа, говор и сл. Упад во компјутерскиот систем на банката. Неколкуте упади во неговиот говор го збунија говорникот.

Множина: упади.

Оригинални податоци:

упад, мн. упади м. 1. Насилен влез, продор во некој простор, територија, средина. Упад на терористи на територијата на нашата земја. Упад на турскиот башибозук. Упад на непријателска патрола во мирното село. 2. Насилен прекин на нечија работа, говор и сл. Упад во компјутерскиот систем на банката. Неколкуте упади во неговиот говор го збунија говорникот.