упати

Глагол, свршен

Значење на упати:

1. а) Покаже пат, правец, насочи. Тој го упати странецот во хотелот. Секретарката ме упати кон една од просториите за чекање. б) (прен.) Насочи кон нешто, даде упатство за работа, за усовршување и сл., воведе во нешто. Библиотекарката ме упати во литературата за научна фантастика.

2. а) Испрати на или до определено место. Лекарот ме упати на интернистички преглед. Тој го упатил писмото на погрешна адреса. Нашата нарачка била упатена на друго место. б) Во спортот – за топка или друг спортски реквизит. Фудбалерот ја упати топката право во противничкиот гол.

3. Се обрати некому со зборови. Народот му упати на говорникот извици на негодување. Директорот упати забелешки до вработените околу организацијата на манифестацијата. Претседателот му упати телеграма со честитки за успехот на победникот на првенството.

Коњугација: упатат.

Изведени зборови:

  • се ~ упати, 1. Тргне некаде, кон некое место. Војниците веднаш се упатија кон позициите. Тој се упати кон плоштадот. Колона од полициски возила се упати кон местото на трагичниот настан. 2. Научи, стекне знаење. Тој се упати во столарскиот занает. Студентите се упатија во програмерската работа.
  • (се) упатува, глаг. несв. (се) упатуваат
  • упатување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

упати, упатат св. 1. а) Покаже пат, правец, насочи. Тој го упати странецот во хотелот. Секретарката ме упати кон една од просториите за чекање. б) (прен.) Насочи кон нешто, даде упатство за работа, за усовршување и сл., воведе во нешто. Библиотекарката ме упати во литературата за научна фантастика. 2. а) Испрати на или до определено место. Лекарот ме упати на интернистички преглед. Тој го упатил писмото на погрешна адреса. Нашата нарачка била упатена на друго место. б) Во спортот – за топка или друг спортски реквизит. Фудбалерот ја упати топката право во противничкиот гол. 3. Се обрати некому со зборови. Народот му упати на говорникот извици на негодување. Директорот упати забелешки до вработените околу организацијата на манифестацијата. Претседателот му упати телеграма со честитки за успехот на победникот на првенството. ● се ~ 1. Тргне некаде, кон некое место. Војниците веднаш се упатија кон позициите. Тој се упати кон плоштадот. Колона од полициски возила се упати кон местото на трагичниот настан. 2. Научи, стекне знаење. Тој се упати во столарскиот занает. Студентите се упатија во програмерската работа. ‖ (се) упатува, (се) упатуваат несв. ‖ глаг. им. упатување ср.