упокои

Глагол, свршен

Значење на упокои:

1. Даде некому покој, смирување. Упокој си ја душата, смири се малку.

2. (црков.) Во молитва ‒ даде мир, спокој на душата.

Коњугација: упокојат.

Изведени зборови:

  • се ~ упокои, 1. Се смири, стане мирен, тивок. 2. Умре, почине. Се упокои најстариот во куќата.
  • (се) упокојува, глаг. несв. (се) упокојуваат
  • упокојување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

упокои, упокојат св. 1. Даде некому покој, смирување. Упокој си ја душата, смири се малку. 2. (црков.) Во молитва ‒ даде мир, спокој на душата. ● се ~ 1. Се смири, стане мирен, тивок. 2. Умре, почине. Се упокои најстариот во куќата. ‖ (се) упокојува, (се) упокојуваат несв. ‖ глаг. им. упокојување ср.