употреби

Глагол, свршен

Значење на употреби:

1. Примени, се послужи, искористи. Јас употребив два метра штоф во изработката на овој модел.

2. Потроши, даде ‒ обично парични средства. Востаниците ги употребија парите за пушки. Овие средства ќе ги употребиме за да ги опремиме новите канцеларии.

3. Искористи ситуација, можност, настан, влијание и сл. Поголемиот број граѓани го употребија своето право на глас на последните избори.

Коњугација: употребат.

Изведени зборови:

  • употребува, глаг. несв. употребуваат
  • употребување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

употреби, употребат св. 1. Примени, се послужи, искористи. Јас употребив два метра штоф во изработката на овој модел. 2. Потроши, даде ‒ обично парични средства. Востаниците ги употребија парите за пушки. Овие средства ќе ги употребиме за да ги опремиме новите канцеларии. 3. Искористи ситуација, можност, настан, влијание и сл. Поголемиот број граѓани го употребија своето право на глас на последните избори. ‖ употребува, употребуваат несв. ‖ глаг. им. употребување ср.