управа
Значење на управа:
1. Една од функциите на државната власт, којашто се изразува со донесување управни акти и нивно извршување од страна на посебни државни органи; извршна власт. Просветната инспекција е орган на државната управа.
2. а) Раководен орган на установа, претпријатие, организација. Управата на интернатот обезбеди огрев. Управата на логорот. Управата на задругата. б) Зградата каде што е сместена управата. Се враќаше од управата.
3. Водење на имот, организација и сл. Под управа на градот. Под негова управа брзо напредувавме.
Множина: управи.
Оригинални податоци:
управа, мн. управи ж. 1. Една од функциите на државната власт, којашто се изразува со донесување управни акти и нивно извршување од страна на посебни државни органи; извршна власт. Просветната инспекција е орган на државната управа. 2. а) Раководен орган на установа, претпријатие, организација. Управата на интернатот обезбеди огрев. Управата на логорот. Управата на задругата. б) Зградата каде што е сместена управата. Се враќаше од управата. 3. Водење на имот, организација и сл. Под управа на градот. Под негова управа брзо напредувавме.