управи
Значење на управи:
1. Насочи, наврти нешто кон некаде. Капетанот го управи двогледот кон војската што се наоѓаше на другиот рид. Крадецот панично го управи пиштолот кон станарите.
2. (прен.) За поглед, мисла и сл. ‒ насочи кон нешто. Јас молежливо го управив погледот во мајка ми. Тој ги управи сите свои надежи и амбиции кон ќерката.
Коњугација: управат.
Изведени зборови:
- се ~ управи, Се заврти кон нешто, се насочи. Иглата на компасот се управи кон север.
Оригинални податоци:
управи, управат св. 1. Насочи, наврти нешто кон некаде. Капетанот го управи двогледот кон војската што се наоѓаше на другиот рид. Крадецот панично го управи пиштолот кон станарите. 2. (прен.) За поглед, мисла и сл. ‒ насочи кон нешто. Јас молежливо го управив погледот во мајка ми. Тој ги управи сите свои надежи и амбиции кон ќерката. ● се ~ Се заврти кон нешто, се насочи. Иглата на компасот се управи кон север.