управува
Значење на управува:
1. Владее, раководи. Директорот веќе четири години успешно управува со ова претпријатие. Таа управуваше со имотот, ги гледаше сметките и тргуваше.
2. Вози превозно средство. Возилото го управувал пијан возач.
Коњугација: управуваат.
Изведени зборови:
- управување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
управува, управуваат несв. 1. Владее, раководи. Директорот веќе четири години успешно управува со ова претпријатие. Таа управуваше со имотот, ги гледаше сметките и тргуваше. 2. Вози превозно средство. Возилото го управувал пијан возач. ‖ глаг. им. управување ср.