урнатина

Именка, женски род

Значење на урнатина:

1. Остатоци од разурната градба. До урнатините изникнало едно дрво. Под урнатините остана целата негова покуќнина.

2. Со предлогот во ‒ во состојба на разурнатост. Куќата беше во урнатини.

3. (прен.) Физички и духовно пропаднат човек. Тоа беше една урнатина од некогашниот горд и храбар човек. Од него остана само урнатина што се движи.

Множина: урнатини.

Оригинални податоци:

урнатина, мн. урнатини ж. 1. Остатоци од разурната градба. До урнатините изникнало едно дрво. Под урнатините остана целата негова покуќнина. 2. Со предлогот во ‒ во состојба на разурнатост. Куќата беше во урнатини. 3. (прен.) Физички и духовно пропаднат човек. Тоа беше една урнатина од некогашниот горд и храбар човек. Од него остана само урнатина што се движи.