урне

Глагол, свршен

Значење на урне:

1. Направи нешто изградено да падне, турне градежен објект. Татко ми ја урна старата куќа и изгради нова. Војската го урна тунелот. Ги урнаа меѓите и ги здружија нивите.

2. Одрони, падне, поткопа. Брановите го урнале насипот. Тие урнале неколку карпи на патот.

3. (прен.) Кутне, падне, уништи; морално уништи. Им ја урна честа на двајцата. Мирисот на смртта го урнал на коленици. Го урна противникот на сите полиња. Животот ги урна нејзините идеали.

4. Совлада, симне од власт. Бунтовниците го урнаа стариот режим. Народот ја урна робијата.

5. Собори рекорд. Ракометарите ги урнаа сите пречки на патот кон шампионската титула. Пливачот ги урна сите досегашни рекорди.

6. Спушти со голема брзина, наеднаш. Ги урнаа бравите долу крај реката.

Коњугација: (ќе) урнев. (ќе) урнеа , (ќе) урнел, урнаа , урнав , урнал , урнат , урнат , урнете , урни .

Изведени зборови:

  • (се) урива, глаг. несв. (се) уриваат -- (се) урнува, (се) урнуваат
  • се ~ урне, 1. Падне, се распадне. Старата шупа се урна. Црквата се урнала од громот што удрил во неа. Храмовите се урнаа, камен врз камен. Изутринава се урнал авион во близина на аеродромот. Книгите од полицата се урнаа на подот. 2. Се одрони, се сруши. Ридот се урнал и ѝ го препречил патот на реката, па се направило езеро. 3. Падне наеднаш наземи. Тој се урна наземи. 4. (прен.) Во морална, духовна смисла - пропадне, се уништи. Мојот семеен живот се урна преку ноќ. Во тој миг се урна нешто во мене. 5. Јурне, поттрча, се стрча. Се урнавме смело в нерамен бој.
  • уривање, глаг. им. ср. уривање, PLUR_уривања / урнување, PLUR_урнувања Уривањата на оштетените објекти продолжи и денес.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да му се урне гробот ‒ клетва.

Оригинални податоци:

урне, урнат; урни, урнете; урнав, урнаа; урнал; урнат; (ќе) урнев. (ќе) урнеа; (ќе) урнел св. 1. Направи нешто изградено да падне, турне градежен објект. Татко ми ја урна старата куќа и изгради нова. Војската го урна тунелот. Ги урнаа меѓите и ги здружија нивите. 2. Одрони, падне, поткопа. Брановите го урнале насипот. Тие урнале неколку карпи на патот. 3. (прен.) Кутне, падне, уништи; морално уништи. Им ја урна честа на двајцата. Мирисот на смртта го урнал на коленици. Го урна противникот на сите полиња. Животот ги урна нејзините идеали. 4. Совлада, симне од власт. Бунтовниците го урнаа стариот режим. Народот ја урна робијата. 5. Собори рекорд. Ракометарите ги урнаа сите пречки на патот кон шампионската титула. Пливачот ги урна сите досегашни рекорди. 6. Спушти со голема брзина, наеднаш. Ги урнаа бравите долу крај реката. ● се ~ 1. Падне, се распадне. Старата шупа се урна. Црквата се урнала од громот што удрил во неа. Храмовите се урнаа, камен врз камен. Изутринава се урнал авион во близина на аеродромот. Книгите од полицата се урнаа на подот. 2. Се одрони, се сруши. Ридот се урнал и ѝ го препречил патот на реката, па се направило езеро. 3. Падне наеднаш наземи. Тој се урна наземи. 4. (прен.) Во морална, духовна смисла - пропадне, се уништи. Мојот семеен живот се урна преку ноќ. Во тој миг се урна нешто во мене. 5. Јурне, поттрча, се стрча. Се урнавме смело в нерамен бој. ◊ Да му се урне гробот ‒ клетва. ‖ (се) урива, (се) уриваат / (се) урнува, (се) урнуваат несв. ‖ глаг. им. уривање, мн. уривања / урнување, мн. урнувања ср. Уривањата на оштетените објекти продолжи и денес.