уште

Прилог

Значење на уште:

1. За додавање кон означеното, додавање на ново количество или повторување на означеното дејство. Дојдоа уште двајца. Испи уште три пива. Собра уште три кошници грозје. Сплете уште еден џемпер.

2. Додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент. Остани уште една недела на гости. Тој е уште дете.

3. Продолжување, траење на дејството до моментот кога се говори. Уште спие, дојди подоцна. Уште сум болна. Уште не е вратен. Уште си млада.

4. За означување на времето и местото ‒ дека дејството се извршило или ќе се изврши во посочениот ден или место. Уште денес ќе ја свршам таа работа. Тој уште вчера знаел дека ќе оди на пат. Уште како дете покажал интерес кон литературата. Уште од далеку почна да вика.

5. При компаратив ‒ за засилување. Ова е уште поубаво од првото. Уште повеќе го сакаше. Му се виде уште полична.

6. При негирање ‒ пред да. Уште не го видел, а вели не чини.

7. Како чест. ‒ за потсилување: озгора на тоа. Ти уште и се лутиш! Уште само тоа ти треба.

8. Сè уште. Сè уште јас сум директор. Сè уште не е решено тоа прашање.

Оригинални податоци:

уште прил. 1. За додавање кон означеното, додавање на ново количество или повторување на означеното дејство. Дојдоа уште двајца. Испи уште три пива. Собра уште три кошници грозје. Сплете уште еден џемпер. 2. Додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент. Остани уште една недела на гости. Тој е уште дете. 3. Продолжување, траење на дејството до моментот кога се говори. Уште спие, дојди подоцна. Уште сум болна. Уште не е вратен. Уште си млада. 4. За означување на времето и местото ‒ дека дејството се извршило или ќе се изврши во посочениот ден или место. Уште денес ќе ја свршам таа работа. Тој уште вчера знаел дека ќе оди на пат. Уште како дете покажал интерес кон литературата. Уште од далеку почна да вика. 5. При компаратив ‒ за засилување. Ова е уште поубаво од првото. Уште повеќе го сакаше. Му се виде уште полична. 6. При негирање ‒ пред да. Уште не го видел, а вели не чини. 7. Како чест. ‒ за потсилување: озгора на тоа. Ти уште и се лутиш! Уште само тоа ти треба. 8. Сè уште. Сè уште јас сум директор. Сè уште не е решено тоа прашање.