услови
Значење на услови:
1. Постави услов, ограничи со некаков услов. Сопственикот на куќата ги услови станарите со високи кирии. Сосетката ме услови за услугата да ѝ помогнам во работата.
2. Создаде услови за нешто, предизвика нешто, стане причина за нешто. Убавото време услови отворање на летните бавчи на рестораните. Ниските температури условија да се зголеми потрошувачката на електрична енергија.
Коњугација: условат.
Изведени зборови:
- условува, глаг. несв. условуваат
- условување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
услови, условат св. 1. Постави услов, ограничи со некаков услов. Сопственикот на куќата ги услови станарите со високи кирии. Сосетката ме услови за услугата да ѝ помогнам во работата. 2. Создаде услови за нешто, предизвика нешто, стане причина за нешто. Убавото време услови отворање на летните бавчи на рестораните. Ниските температури условија да се зголеми потрошувачката на електрична енергија. ‖ условува, условуваат несв. ‖ глаг. им. условување ср.