услуга

Именка, женски род

Значење на услуга:

1. Чин, акт, постапка што значи помош за некој друг или полза за некој друг. Му направи голема услуга. Им правеа малечки услуги на станарите. Таа услуга никогаш нема да ти ја заборавам.

2. Работа што се врши за задоволување на потребите на некого, служење, послужување. Услуга брза и точна. Услугата во хотелот е многу добра.

3. Стручна помош, сервис наменет за граѓаните. Занаетчиски услуги. Погребни услуги.

Множина: услуги.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мечкина услуга ‒ на лош начин направена услуга, која носи непријатност, штета.

Оригинални податоци:

услуга, мн. услуги ж. 1. Чин, акт, постапка што значи помош за некој друг или полза за некој друг. Му направи голема услуга. Им правеа малечки услуги на станарите. Таа услуга никогаш нема да ти ја заборавам. 2. Работа што се врши за задоволување на потребите на некого, служење, послужување. Услуга брза и точна. Услугата во хотелот е многу добра. 3. Стручна помош, сервис наменет за граѓаните. Занаетчиски услуги. Погребни услуги. ◊ Мечкина услуга ‒ на лош начин направена услуга, која носи непријатност, штета.