усна
Значење на усна:
Месест надворешен дел од устата што ги покрива забите. Горна и долна усна. Тенка усна. Насмеани усни. Помодрени усни. Полни црвени усни. Усните ѝ трепереа од возбуда.Множина: усни.
Изведени зборови:
- усница, и. ж. мн. усници, усничка, мн. уснички , усниче, мн. усничиња ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си ги прекаса усните ‒ нагло замолчи од изненадување, поради ненадеен незгоден момент и сл.
Оригинални податоци:
усна, мн. усни ж. Месест надворешен дел од устата што ги покрива забите. Горна и долна усна. Тенка усна. Насмеани усни. Помодрени усни. Полни црвени усни. Усните ѝ трепереа од возбуда. ◊ Си ги прекаса усните ‒ нагло замолчи од изненадување, поради ненадеен незгоден момент и сл. ‖ усница, мн. усници, усничка, мн. уснички ж., усниче, мн. усничиња ср. дем. и хип.