усогласи
Значење на усогласи:
1. Доведе во согласност едно со друго. Таа ја усогласи бојата на масата со бојата на ѕидовите во собата. Таа го усогласи накитот со облеката. Девојката го усогласи моделот на фустанот со ткаенината што ја имаше купено.
2. Постигне согласност (само во мн.). Партнерите во владата ги усогласија ставовите околу буџетот. Сопствениците на двете претпријатија ги усогласија интересите околу повеќе прашања.
Коњугација: усогласат.
Изведени зборови:
- (се) усогласува, глаг. несв. (се) усогласуваат
- усогласување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
усогласи, усогласат св. 1. Доведе во согласност едно со друго. Таа ја усогласи бојата на масата со бојата на ѕидовите во собата. Таа го усогласи накитот со облеката. Девојката го усогласи моделот на фустанот со ткаенината што ја имаше купено. 2. Постигне согласност (само во мн.). Партнерите во владата ги усогласија ставовите околу буџетот. Сопствениците на двете претпријатија ги усогласија интересите околу повеќе прашања. ‖ (се) усогласува, (се) усогласуваат несв. ‖ глаг. им. усогласување ср.