успех

Именка, машки род

Значење на успех:

Позитивен резултат во некоја работа, спорт и сл., успешно завршување на нешто. Образованието го заврши со одличен успех. Во спортот постигна врвни успеси. Ти пожелувам среќа и успех во животот.

Множина: успеси.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жнее успеси ‒ успешен е во работата.

Оригинални податоци:

успех, мн. успеси м. Позитивен резултат во некоја работа, спорт и сл., успешно завршување на нешто. Образованието го заврши со одличен успех. Во спортот постигна врвни успеси. Ти пожелувам среќа и успех во животот. ◊ Жнее успеси ‒ успешен е во работата.