успие

Глагол, свршен

Значење на успие:

Прави некој да заспие. Го успа детето. Таа ги успа децата со песна. Монотониот глас на сосетката ме успа. Овој здодевен филм ќе ме успие.

Коњугација: (ќе) успиев , (ќе) успиеја , (ќе) успиел , успаа , успав , успал , успан , успиен, успиј , успијат , успијте .

Изведени зборови:

  • (се) успива, глаг. несв. (се) успиваат
  • се ~ успие, Спие длабоко. Јас толку сум се успал, што не го слушнав ѕвонењето на часовникот. Таа се успала изутринава и го испуштила автобусот.
  • успивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

успие, успијат; успиј, успијте; успав, успаа; успал; успан; (ќе) успиев, (ќе) успиеја; (ќе) успиел; успиен св. Прави некој да заспие. Го успа детето. Таа ги успа децата со песна. Монотониот глас на сосетката ме успа. Овој здодевен филм ќе ме успие. ● се ~ Спие длабоко. Јас толку сум се успал, што не го слушнав ѕвонењето на часовникот. Таа се успала изутринава и го испуштила автобусот. ‖ (се) успива, (се) успиваат несв. ‖ глаг. им. успивање ср.