усрами

Глагол, свршен

Значење на усрами:

Направи некој да биде засрамен. Сосетката зборувајќи штогоде, ме усрами пред роднините. Ќерка ми ме усрами пред гостите.

Коњугација: усрамат.

Изведени зборови:

  • се ~ усрами, Стане засрамен. Тој се усрами и ништо не рече.
  • (се) усрамува, глаг. несв. (се) усрамуваат
  • усрамување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

усрами, усрамат св. Направи некој да биде засрамен. Сосетката зборувајќи штогоде, ме усрами пред роднините. Ќерка ми ме усрами пред гостите. ● се ~ Стане засрамен. Тој се усрами и ништо не рече. ‖ (се) усрамува, (се) усрамуваат несв. ‖ глаг. им. усрамување ср.