уста 1

Именка, женски род

Значење на уста:

1. (анат.) а) Отвор на долниот дел од лицето на човекот во кој се сместени забите и јазикот, низ кој тој се храни, зборува. Дише со отворена уста. Свири со уста. Беззаба уста. Насмеана уста. б) Кај животните ‒ сличен отвор, орган преку кој се хранат, а кај товарните место каде што се поставува направата за управување со животното при движење. в) Сличен отвор, орган кај рибите.

2. усна. Ја бакна во устата. Му заигра долната уста.

3. (прен.) Отвор во нешто, влез во нешто. Устите на оружјето се наѕираа во грмушките. Тесните прозорци ‒ усти нагоре отворени.

4. (прен.) Член на семејство што е на издржување, што треба да се храни. А дома седум гладни усти. Еве, уште една уста чекам да се роди.

5. Утока, устие на река. Луѓето ги фаќаше страв од трските никнати по краиштата на устата.

6. (бот.) Украсна билка со цветови во вид на уста; Antirrihnum.

Множина: усти.

Изведени зборови:

  • усте, и. ж. мн. устиња, устенце, мн. устенца ср. устичка, мн. устички дем.; устиште, мн. устишта ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми го зеде зборот од уста ‒ јас сакав тоа да го кажам. Му го зема залакот од уста ‒ сп. залак. Затвори уста некому ‒ сп. затвори. Му ја затна устата ‒ сп. затне. На змијата (волкот) му оди во уста ‒ сп. змија. Уста има ‒ јазик нема ‒ сп. јазик1. Му иде некому вода на уста ‒ му иде желба нешто да касне. Од твоја уста во божји уши ‒ да се исполни кажаното. Нема цел живот да му паѓаат печени гулаби в уста ‒ нема цел живот да живее на готово, без сопствен труд. Не може да го извади од уста ‒ постојано зборува за некого или за нешто. Има катанец на уста ‒ сп. катанец. Мед му тече од устата ‒ многу е слаткоречив. Манџа (или вид јадење) ‒ мртва уста да касне (да јаде) ‒ сп. мртов. Слуша со отворена уста ‒ в. отвори. Остана со отворена уста ‒ остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација. Отвори една уста ‒ прозборе, почне да се расправа за нешто. Со пена на устата ‒ сп. пена. Устата му фати пена од зборување ‒ сп. пена. Поган јазик (уста) ‒ сп. поган. Погани јазик (уста) ‒ сп. погани. Му се лепи устата ‒ претерано, неприродно слаткоречив. Кани (зборува) со половина уста ‒ сп. половина. Фали ме усто оти ќе те расчепам ‒ в. фали. Многу усти колнати, многу раце благословени ‒ добро е да има повеќе луѓе да ја сработат работата, ама треба и да нѐ нахранат. Си ја носи пченицата в уста ‒ сп. пченица. Си остана со прстот в уста ‒ в. остане. Устата му мириса на млеко ‒ уште е дете. Зини усто ‒ лапни море ‒ се вели за некој што е многу стрвен. Блага (слатка, медена, златна) уста има ‒ многу е слаткоречив. В уста ми е зборот ‒ го знам зборот, ама не ми текнува да го речам. Зар уште имаш уста да зборуваш? ‒ треба да се засрамиш и да не зборуваш повеќе. Нема да ти се изеде устата ‒ ако кажеш, ништо нема да ти стане. Му изнареков сè што ми дојде до уста ‒ му кажав сè што имав да му кажам. Со која уста го рече тоа? ‒ како можеше да кажеш такво нешто? Со полна уста ‒ од сè срце. Царска уста ‒ остра сабја (посл.) ‒ царскиот збор назад не се враќа.

Оригинални податоци:

уста1, мн. усти ж. 1. (анат.) а) Отвор на долниот дел од лицето на човекот во кој се сместени забите и јазикот, низ кој тој се храни, зборува. Дише со отворена уста. Свири со уста. Беззаба уста. Насмеана уста. б) Кај животните ‒ сличен отвор, орган преку кој се хранат, а кај товарните место каде што се поставува направата за управување со животното при движење. в) Сличен отвор, орган кај рибите. 2. сп. усна. Ја бакна во устата. Му заигра долната уста. 3. (прен.) Отвор во нешто, влез во нешто. Устите на оружјето се наѕираа во грмушките. Тесните прозорци ‒ усти нагоре отворени. 4. (прен.) Член на семејство што е на издржување, што треба да се храни. А дома седум гладни усти. Еве, уште една уста чекам да се роди. 5. Утока, устие на река. Луѓето ги фаќаше страв од трските никнати по краиштата на устата. 6. (бот.) Украсна билка со цветови во вид на уста; Antirrihnum. ◊ Ми го зеде зборот од уста ‒ јас сакав тоа да го кажам. Му го зема залакот од уста ‒ сп. залак. Затвори уста некому ‒ сп. затвори. Му ја затна устата ‒ сп. затне. На змијата (волкот) му оди во уста ‒ сп. змија. Уста има ‒ јазик нема ‒ сп. јазик1. Му иде некому вода на уста ‒ му иде желба нешто да касне. Од твоја уста во божји уши ‒ да се исполни кажаното. Нема цел живот да му паѓаат печени гулаби в уста ‒ нема цел живот да живее на готово, без сопствен труд. Не може да го извади од уста ‒ постојано зборува за некого или за нешто. Има катанец на уста ‒ сп. катанец. Мед му тече од устата ‒ многу е слаткоречив. Манџа (или вид јадење) ‒ мртва уста да касне (да јаде) ‒ сп. мртов. Слуша со отворена уста ‒ в. отвори. Остана со отворена уста ‒ остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација. Отвори една уста ‒ прозборе, почне да се расправа за нешто. Со пена на устата ‒ сп. пена. Устата му фати пена од зборување ‒ сп. пена. Поган јазик (уста) ‒ сп. поган. Погани јазик (уста) ‒ сп. погани. Му се лепи устата ‒ претерано, неприродно слаткоречив. Кани (зборува) со половина уста ‒ сп. половина. Фали ме усто оти ќе те расчепам ‒ в. фали. Многу усти колнати, многу раце благословени ‒ добро е да има повеќе луѓе да ја сработат работата, ама треба и да нѐ нахранат. Си ја носи пченицата в уста ‒ сп. пченица. Си остана со прстот в уста ‒ в. остане. Устата му мириса на млеко ‒ уште е дете. Зини усто ‒ лапни море ‒ се вели за некој што е многу стрвен. Блага (слатка, медена, златна) уста има ‒ многу е слаткоречив. В уста ми е зборот ‒ го знам зборот, ама не ми текнува да го речам. Зар уште имаш уста да зборуваш? ‒ треба да се засрамиш и да не зборуваш повеќе. Нема да ти се изеде устата ‒ ако кажеш, ништо нема да ти стане. Му изнареков сè што ми дојде до уста ‒ му кажав сè што имав да му кажам. Со која уста го рече тоа? ‒ како можеше да кажеш такво нешто? Со полна уста ‒ од сè срце. Царска уста ‒ остра сабја (посл.) ‒ царскиот збор назад не се враќа. ‖ усте, мн. устиња, устенце, мн. устенца ср. устичка, мн. устички ж. дем.; устиште, мн. устишта ср. аугм.