устина

Именка, женски род

Значење на устина:

Отвор, грло на шише, бардак, чешма и сл. Ѓумовите се бираат со поголема устина за да може во нив да се провре рака. Од устината на чешмата едвај капеше вода.

Множина: устини.

Изведени зборови:

  • устинка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

устина, мн. устини ж. Отвор, грло на шише, бардак, чешма и сл. Ѓумовите се бираат со поголема устина за да може во нив да се провре рака. Од устината на чешмата едвај капеше вода. ‖ устинка, мн. устинки ж. дем.