устреми
Значење на устреми:
Насочи, упати наеднаш, остро. Таа го устреми погледот во момчето. Јас го свртев управувачот и го устремив автомобилот право кон брегот на реката.Коњугација: устремат.
Изведени зборови:
- се ~ устреми, Се насочи, се упати наеднаш, остро. Нашата чета се устреми на непријателот. Капетанот, со изобличено лице, се устреми на војникот. Јастребот се устреми кон пленот.
- (се) устремува, глаг. (се) устремуваат
- устремување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
устреми, устремат св. Насочи, упати наеднаш, остро. Таа го устреми погледот во момчето. Јас го свртев управувачот и го устремив автомобилот право кон брегот на реката. ● се ~ Се насочи, се упати наеднаш, остро. Нашата чета се устреми на непријателот. Капетанот, со изобличено лице, се устреми на војникот. Јастребот се устреми кон пленот. ‖ (се) устремува, (се) устремуваат ‖ глаг. им. устремување ср.