усуче
Значење на усуче:
1. За конци, предено и сл. ‒ соедини две или повеќе нитки виткајќи ги една околу друга. Го усукав преденото. Го усукува врвот од конецот и го вденува во иглата.
2. За мустаќи, крпа и др. ‒ завие. Ги усукал мустаќите.
3. За кори, пита - направи тенки кори, направи пита (или друго јадење со кори) со сукање. Усукав зелник за ручек.
Коњугација: (ќе) усучеа , (ќе) усучев , (ќе) усучел , усукаа , усукав , усукал , усукан , усучат , усучен, усучете , усучи .
Изведени зборови:
- се ~ усуче, 1. Се изврти, се подвитка. Листовите на книгата се усучиле од сонцето. 2. (прен.) Се вознемири, почне да прави нервозни движења, да се врти лево, десно. Аџијата се усука, сакаше да ја каже вистината, ама се пишмани. Тој се усука и почна да се моли да не го тепаат. Тој се усука околу неа. 3. (прен., разг.) Се истанчи, ослабе. Сиромашката, целата се усукала.
- (се) усучува, глаг. несв. (се) усучуваат и (се) усукува, (се) усукуваат
- усучување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
усуче, усучат; усучи, усучете; усукав, усукаа; усукал; усукан; (ќе) усучев, (ќе) усучеа; (ќе) усучел; усучен св. 1. За конци, предено и сл. ‒ соедини две или повеќе нитки виткајќи ги една околу друга. Го усукав преденото. Го усукува врвот од конецот и го вденува во иглата. 2. За мустаќи, крпа и др. ‒ завие. Ги усукал мустаќите. 3. За кори, пита - направи тенки кори, направи пита (или друго јадење со кори) со сукање. Усукав зелник за ручек. ● се ~ 1. Се изврти, се подвитка. Листовите на книгата се усучиле од сонцето. 2. (прен.) Се вознемири, почне да прави нервозни движења, да се врти лево, десно. Аџијата се усука, сакаше да ја каже вистината, ама се пишмани. Тој се усука и почна да се моли да не го тепаат. Тој се усука околу неа. 3. (прен., разг.) Се истанчи, ослабе. Сиромашката, целата се усукала. ‖ (се) усучува, (се) усучуваат и (се) усукува, (се) усукуваат несв. ‖ глаг. им. усучување ср.